ОСТАНАТО
Идејата за организирано дејствување и унапредување на македонската хип хоп сцена беше повод и причина за создавање на здружение коешто ќе дејствува на повеќе полиња на хип хоп културата, обединувајќи ја музиката, графитите и сите оние делови на оваа култура што не се толку видливи, а треба да им се посвети внимание. Токму затоа, настана Хип Хоп Македонија.
ХХМ има организирано голем број предавања и концерти, има објавено книги, филмови, музички изданија, тв емисија и списание и учествувала во промовирање на хип хоп културата во високообразовни инститиции и културни центри.
Основачи на ХХМ се Славчо Ковилоски (Профо) и Александар Ковилоски (Братот Алек), членови на хип хоп групите Клан Исток и Браќа по крв. Во досегашното дејствување, како членови на организацијата се јавиле повеќе македонски хип хоп активисти, кои со својата дејност значително придонеле за заживување, одржување и промовирање на македонската хип хоп култура како во земјата, така и во странство, меѓу кои DJ Boogie Man, Кацар, Мац А.Д. Исто така, ХХМ соработувала и со повеќе хип хопери и активисти, како: Тец (Ошав продукција), ДЈ Гоце (Саф), ЛД Пистолеро, Пикси, Myra Brown, Kool G Rap, Evening Star .