М.А.Н. по четврти пат ќе ја обединат домашната 

алтернативна сцена


Македонските алтернативни награди (М.А.Н.) ќе се оддржат по четврти пат на 16 јуни, со почеток во 12 во Градскиот парк во Скопје.

Настанот на Школка ќе трае докај 1 часот по полноќ, а на сцената ќе настапат 27 бендови и артисти меѓу кои: Меморија, Горан Трајковски – Готра, Диџеј Гоце(С.А.Ф.),Васко Атанасоски (ХаХаХа/Бернајз пропаганда/Ф.П.О.), Клан Исток, Д Далтонс, Autmind, No name nation, Последен Удар, Short Fuse Hero, Kepurdath, YOU, К.У.Р.- Културно Уметнички Работници, Мариналеда, САМ, My Tear, Full Stop, Man in a suit, Тотално Опуштање, Фуснота, RGB, Морфеј, Al Alion, Каин, Voltaire Mani Al Hakin – Марсо (група ЗЕРО).

Како што најавуваат од Бла Бла ТВ, годинава специјална награда ќе добие и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски. И тоа не за успехот на филмот, велат организаторите, туку за истрајноста и моќта на креацијата на режисерот кој со минимални средства успеа да го створи своето ремек дело, што е всушност во корелација на творењето на македонската алтернативна сцена која иако не поддржана и многупати неправедно минимизирана и исмевана, успева од година во година да реализира и материјализира голем дел од македонската уметност и култура на која потоа по добиениот кредибилитет во светот и на балканот станува препознатлива и праведно вреднувана.

„Оваа манифестација и покрај тоа што не е поддржана од институции или спонзори сепак наоѓа сили веќе 4 –та година по ред да ја слави македонската музика култура и уметност, кантарот за мерење и премерување не е валиден во ова општество каде шундот и квази елитата сакаат да го наметнат своето господарење. Ние од Бла Бла Телевизија заедно со македонската алтернативна сцена нема да застанеме и иако се наоѓаме во шок соба, на апарати за преживување со големата поддршка која ја даваме и добиваме на луѓето од сцената само може да ветиме дека ќе се бориме до последниот атом, до последната капка крв, затоа на 16-ти, сабота, во градскиот парк на Школка ве повикуваме на целодневно славење на македонската музика и култура“, велат од Бла Бла Тв.

Оваа година, покрај професионалното озвучување, видео ѕидот, професионалната бинска опрема, (како и изминатите години), повеќе домашни легенди ќе примат награда за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена: Лева Патика,Васко Атанасоски, Зијан, Канго(посхумно),Клан Исток, No Name Nation, Royal Albert Hall, Розе Кадилак, SUNS, Тоше Филиповски, Златко Трајковски – Хинки (посхумно), Диџеј Гоце Мастер Г.

Инаку, периодов повеќе личности дадоа поддршка за Бла Бла ТВ да продолжи да емитува програма, со што би продолжила да дава живот на независната култура, а истовремено напредна прогресивна мисла во земјава.