Првиот удар
Првиот удар е првиот албум на македонската хип-хоп група Клан Исток, објавен во 2005 година, во издание на Arena Records од Скопје.
Членовите на групата кој го издаде првиот албум го објави во 2005 година под насловот „Првиот удар“ се: Профо (Славчо Ковилоски), Човекот Х (Стојан Каевски), Братот Алек (Александар Ковилоски), Деко (Дејан Методијески) и Маријачи. Албумот содржи 18 траки, на кои покрај членовите на групата, како гости се јавуваат: ПУКА Козметика, Бобо, Lorenss, Phap, Evening Star и Единствена опција. Од овој албум произлегоа сингловите: „Рапери во криза“, „Од Скопје до Софија“, „Пријател“ и „Кој е кој“.
Во времето кога групата со своите активности се наметна на македонската хип-хоп сцена, од медиумите го доби епитетот: „Чувари на чистиот рап звук“.
1. Интро
2. Bad Boy – featuring: Phap & Evening Star
3. Рапери во криза (Fat Flow Remix) – featuring: Пука Козметика
4. Bounce to this – featuring: Lorenss
5. Цело море – featuring: Пука Козметика, Димна Завеса
6. Сега застани
7. Пeсна од Душа – featuring: Пука Козметика
8. Кој ти го чува грбот – featuring: D Flow, Oggy Dogg
9. Што ќе правиш
10. Стари Спомени
11. Лудиот Стил
12. Дојди
13. Империја
14. Доле пиштолите – featuring: Единствена Опција
15. Преродба
16. Пријател
17. Од Скопје до Софија – featuring: Бобо
18. Outro