ПРОЕКТ HIP HOP MADE IN MACEDONIA

Целта на проектот, чија идеја се роди од тв емисијата „Хип-хоп магазин“ беше да ја презентира хип-хоп културата во Македонија. Со проектот првпат во македонската музичка историја, македонскиот хип-хоп ќе може да се слушне во Њујорк, градот од каде потекнува оваа урбана култура.

Презентирани беа трите македонски хип-хоп книги, документарниот филм „Сложувалка“, одржано беше предавање за македонската урбана култура, изложба на кавери на албуми од македонски хип-хоп артисти и групи. Со настапот во живо на групата Клан Исток заврши овој проект на екипата од Хип Хоп Македонија, донесен во Галеријата „ЕмСи“ од кураторот Јане Теохаревски, а поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.