МУЗИКА

Во рамките на активностите на Хип Хоп Македонија влегува дејствувањето на групите Клан Исток, Браќа по крв и Hip Hop Macedonia Crew.

Клан Исток е македонска андерграунд хип-хоп група активна на почетокот од 21-от век. Формирана во Скопје во 2000 година, групата постави нови стандарди во создавањето на рап музика во Македонија. Нивниот хит „Рапери во криза“ е дел од антологијата на македонскиот андерграунд рап. Клан Исток досега има издадено два албума: Првиот Удар (2005) и Отворена сезона (2013). Групата има одржано повеќе успешни концерти на групата, а ја делеа сцената и со членови од Wu-Tang Clan, Jeru Da Damaja, Busta Rhymes, Guru итн.

Групата Браќа по крв започнува да снима во 1996 година. Досега имаа издадено едно студиско издание, именувано како „Албумот“.

Главна тема во нивните песни се хардкор рап актови и социјалниот активизам, иако не се изоставени и други теми. Групата често повикуваше на промена на македонскиот политички систем, опишувајќи го како кревок, кршлив, лажен и корумпиран. Покрај песните кои во себе имаа социјална нитка, во некои песни интерес на членовите на групата се и забавите и друштвениот живот.